(Москва, Ројтерс) Кремљ соопшти дека Русија не се договорила со САД да се продолжи пактот СТАРТ, последниот нуклеарен договор меѓу двете земји, и покрај американските тврдења дека е направен значителен напредок.
Новиот договор СТАРТ потпишан во 2010-та го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави кои Русија и САД може да ги поседуваат. Истекува во февруари следната година.
Американските власти преку социјалните медиуми објавија дека во принцип е постигнат договор за негово продолжување.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во средата изјави дека се уште нема договор и покрај тоа што постои меѓусебно разбирање дека тој треба да биде продолжен.