Линкови за пристапност

Епл претстави нови модели на Ајфони со 5г технологија


Епл претстави четири нови Ајфони кои се опремени со технологија која може да ги користи побрзите мрежи со 5г технологија.

Почетните цени се од речиси 700 до речиси 1.100 долари, а телефоните ќе бидат достапни од крајот на октомври.

Епл има лојална и добро ситуирана база на корисници, па аналитичарите очекуваат дека новите телефони ќе се продаваат добро.

При промоцијата Епл ги потенцираше 5г опциите на телефоните иако ветените ултрабрзини би се постигнувале тешко со оглед на тоа што 5г мрежите се уште се во изградба.

Епл веќе нема да вклучува полнач со телефонот, потег кој веројатно ќе изиритира многу корисници.

Епл исто така објави дека ја намалува големината и цената на неговиот звучник Хоумпод кој треба да им биде конкуренција на Амазон и Гугл во пазарот на звучници поврзани на интернет каде компанијата се уште слабо се има пробиено. Амазон и Гугл се обидуваат да се позиционираат на пазарот со своите уреди кои ги претставуваат како центри за менаџирање на домовите и животите. Тие чинат само 50 долари, додека Хоумпод се продава за речиси 300.

XS
SM
MD
LG