Уште една фармацевтска компанија го запре тестирањето на експериментална терапија за Ковид-19 поради загриженост за безбедноста.
Американската компанија Eli Lilly објави дека клиничките испитувања за антивирусниот лек се паузирани од независни набљудувачи поради „огромна претпазливост“, но не соопшти детали.
Лекот кој Eli Lilly го развива со канадската биотехнолошка компанија AbCellera е дел од класа на терапии која е позната како моноклонални антитела кои треба да делуваат како имунолошки клетки за кои научниците се надеваат дека ќе се борат со корона вирусот.
Оваа терапија е слична на онаа која му беше дадена на американскиот претседател Доналд Трамп откако се зарази со Ковид-19.
Студијата која започна во август имаше за цел да опфати 10 илјади хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во САД.
Eli Lilly аплицираше до американската Администрација за храна и лекови за итно одобрување на лекот кои би бил користен при благи до умерени случаи на Ковид-19 врз основа на прелиминарните резултати од друго клиничко испитување.
Ден претходно американскиот производител на лекови Johnson & Johnson ја запре својата доцна фаза од клинички испитувања за експериментална вакцина за корона вирус откако еден од учесниците беше дијагностициран со необјаснива болест.