Линкови за пристапност

Успешно испратен нов екипаж на Меѓународната вселенска станица


(Москва, АП) Тројца астронаути беа успешно лансирани на Меѓународната вселенска станица, за прв пат со користење на нов маневар со кој се стигнува до неа за само три часа.

Кејт Рубинс од НАСА заедно со Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Шверчков од руската вселенска агенција Роскосмос полетаа според планираното во средата наутро од Бајконур во Казахстан, космодром кој го користи руската агенција.

Нивната мисија ќе трае шест месеци.

За прв пат беше искористен маневар со две орбитирања кој трае три часа. Претходно беше потребно двојно повеќе време за да се стигне до Меѓународната вселенска станица.

Тие ќе му се придружат на командатот на станицата Крис Касиди од НАСА и на космонаутите Анатолиј Иваншин и Иван Вагнер од Роскосмос кои се таму од април и кои треба да се вратат на Земјата за една недела.

На прес конференцијата пред лансирањето во Бајконур Рубинс нагласи дека екипажот минал недели во карантин во Sвездениот град, место за обука во близина на Москва, а потоа и во Бајконур за да се избегне евентуална закана од корона вирусот.

„Минавме две недели во Sвездениот град и потоа 17 дена во Бајконур во многу строг карантин“ рече Рубинс. „За време на комуникацијата со вработените носевме маски. Направивме два ПЦР тестови и три пати бевме тестирани со брзи тестови за антигени“ додаде таа.

Таа рече дека со нетрпение ги очекува научните експерименти кои се планирани за оваа мисија.

„Планираме да направиме многу интересни работи како биолошко печатење на ткива и делба на клетки во вселената и секако ќе продолжиме со работата за секвенционирање на ДНК’ рече Рубинс.

XS
SM
MD
LG