СКОПЈЕ - Мешовитата македонско бугарска комисија за историски прашања утре продолжува со работа по речиси едногодишна пауза. Средбата е на барање на македонскиот дел од Комисијата а се одржува во Скопје. Продолжува каде што последната средба завшри неуспешно а камен на сопнува сега е Гоце Делчев. За бугарските историчари тој е Бугар и барањето е да се наведе дека е Бугар, за македноските историчари тоа е неприфатливо барање аутврдување на нечија националност не е работа на историчари. Во изминативе десетина месеци дебатата ја превземаа политичари кои расправаа најчесто без факти и најчесто за собирање политички поени а во тоа секако предничи официјална Софија.
„На средбата ќе бидат разгледувани прашања и теми во контекст на надминување на историографските спорови кои претставуваат пречка во градењето на добрите односи и пријателство помеѓу двата народи и двете држави. Покрај вообичаените теми, учебниците за историја и предлог идеите за заедничко одбележувањена историски личности и настани, Комисијата ќе дискутира и за теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата или, пак, причина работата на Комисијата и нејзиниот академски и експертски карактер да бидат политизирани со што се предизвикува штета на процесот на градење добрососедски и пријателски односи“, се наведува во официјланото соопштение на на македонскиот тим историчари.
Според нашите информации на средбата ќе се разговара за официјалните изјави, тврдења и тези на дел од бугарската страна и официјална Софија.
„Ќе го договориме техничкиот дел односно за тоа како ќе течат средбите и со кој интензитет, но и за тоа дали ќе дискутираме за учебниците или за личности и заеднички чествувања. Средбата сега има поголема тежина поради паузата но и случувањата во изминатиот период и дополнителниот притисок кој го создадоа политичарите. Ќе разговараме и за официјалните ставови и изјави“, вели нашиот извор.
Македонскиот јазик е норма на бугарскиот кој е официјализиран од Тито на 2 август 1944 година а Македонија и Македонците се вештачка творба на Тито. Ова се само дел од изјавите на бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, вицепремиерот Каракачанов и европратеникот Андреј Ковачев кои покрај тоа бараат и Македонија да се откаже од своето малцинство во Бугарија. На ова треба да се надоврзе и декларацијата која Софија ја испрати до членките на ЕУ со која се најавува вето за Македонија доколку не ги прифати овие тврдења и услови како и декларацијата на Бугарската академија на науки која ја усвои парламентот во Софија.
На минатонеделната средба на шефовите на дипломатиите Османи и Захариева, според лидерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, било доставено барање за редифинирање на македонската нација.
„Да го прашаме министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот, со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите“,изјави Мицкоски.
Османи веднаш го демантираше Мицкоски и порача декаодносите со соседите не се регулираат со шпекулации и тендензиозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферат.
„Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Односите со соседите не се регулираат со пласирање секојдневно информации во јавноста, а уште помалку шпекулации или тенденциозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, а не само на Владата, и претставува обврска за секој од нас“, наиша Османи на неговата официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“.
И премиерот Заев се огласи околу средбата на Османи со Захариева и соопшти дека не исклучува радикални чекори од Софија.
„Предложеното од Бугарија ниту е добрососедство, ниту е европско, но верувам дека тоа не е став на Борисов. Ако тоа остане така, треба да го подготвиме македонскиот народ дека првата Меѓувладина конференција нема да се случи во декември“, порача Заев,
Изјавите на бугарските политичари беа оценети како провокации и предизвикаа голем револт во домашната јавност а имаше и официјален одговор од Владата - „Навредите не се акт на добрососедство и пријателство“ .
Притисокот врз историчарите е огромен. Покрај горливото прашање за Гоце Делчев, допрва доаѓаат и тешките прашања за кои ќе има жестоки дебати како што е македонската револуционерна организација, Македонија меѓу двете светски војни, како и периодот на Втората светска војна.
Јавноста ќе мора да почека до петок кога двајцата претседатели ќе соопштат дали има напредок во работата на Комисијатаи да дадат одговори на отворените прашања кои со месеци се поставуваат во двете држави.
Facebook Forum