Линкови за пристапност

Дали македонското Собрание треба и може да функционира онлајн?


Дали македонското Собрание треба и може да функционира онлајн?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Дали македонското Собрание треба и може да функционира онлајн?

Се зголемува бројот на инфицирани од ковид-19 и во законодавниот дом – досега тројца пратеници се позитивни на тестирањата. По еден од ДУИ и од СДСМ, а од денеска и една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Ширењето на коронавирусот меѓу народните избраници го актуелизираше прашањето дали Собранието треба и може да функционира онлајн. Владејачките СДСМ и ДУИ сметаат дека здравстевната ситуација налага парламентот да работи од далечина. За ова прашање било разговарано на денешната координативна средба на пратеничките групи со собранискиот спикер. Мнозинството предлага измена на Деловникот за да се овозможи таканаречен комбиниран модел.

„Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн. Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет, а на граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности“ вели Јован Митрески, Координатор на пратеничката група на СДСМ.

Опозицијата е против ваквото решение – вели дека е неуставно. „Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку online апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници. Ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот“ - напиша Антонијо Милошоски на својот фејсбук-профил.

„Бараме да бидат конструктивни. Ние не бараме некој друг да гласа, туку тие пратеници да гласаат онлајн. Што се подразбира под присуство, во Деловникот стои присуство, ние сакаме да прцизираме дека може да биде физичко и онлајн присуство“ рече Изет Меџити од ДУИ.

Ако нема договор за начинот на работа на парламентот, поради отсуството на 2 паретници од мнозинството, кое и онака е многу „тенко“, виси донесувањето закони важни за функционирањето на државата.

XS
SM
MD
LG