Линкови за пристапност

Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир за 2020


Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир за 2020 за напорите во борбата против заканата од глад.

Берит Реис-Андерсен, претседавач на норвешката Нобелова комисија, кажа дека организацијата е наградена „за нејзините напори во борбата против гладта, за нејзиниот придонес во подобрување на условите за мир во области зафатени со конфликт и за улогата на движечка сила во напорите за спречување на гладувањето како оружје во војна и конфликт“.

Наградата за мир е шеста Нобелова награда доделена неделава. Секоја доаѓа со парична награда од 1,1 милион долари и златен медал.

Американска поетеса ја доби Нобеловата награда за литература. Наградата за хемија е доделена на двајца научници за развој на метод за модифицирање на гените. Тројца научници ја добија наградата за физика за откритија во врска со црните дупки. Тројца научници исто така ја споделија наградата за медицина за откривање на вирусот Хепатит Ц. Наградата од областа на економските науки ќе биде доделена во понеделник, на 12-ти октомври.

XS
SM
MD
LG