Линкови за пристапност

Две жени добитнички на Нобеловата награда за хемија


За прв пат две жени се добитнички на Нобеловата награда за хемија. Двете истражувачки измислија метод, CRISPR-Cas9, кој на научниците им овозможува полесно да ја менуваат ДНК на животни, растенија и микроорганизми.

Истражувањето на Емануел Шарпентие и на Џенифер Дудна беше објавено во 2012-та со што тоа е едно од поновите споредено со други кои имаат добиено Нобелова награда која вообичаено се доделува и неколку децении по конкретното откритие.

CRISPR-Cas9 е техника за сечење на гените на специфично место која им овозможува на научниците да манипулираат со нив, тоа потенцијално може да значи лек за многу болести.

Научниците го користат овој метод и за создавање нови растителни култури, а се надеваат дека на овој начин би можеле да бидат вратени и некои изумрени животински видови.

„Оваа генетска алатка има огромна моќ“ рече Клаес Гуфтасон, претседавач на Нобеловиот комитет за хемија.

XS
SM
MD
LG