Случајот се однесува на развојот на оперативниот систем Android на Google кој сега се користи во најголем дел од мобилните телефони низ светот.
Google тврди дека за да го направи Android кој беше лансиран во 2007-та година морал да напише милиони редови нови компјутерски кодови. Но, тие исто така искористиле и 11.330 редови од код кој е дел од платформата Java која е на Oracle.
Google ги брани своите постапки и вели дели дека она што тие го направиле е воспоставена практика во индустријата, практика која овозможува побрз технолошки напредок.
Но, Oracle смета дека Google „извршил груб акт на плагијат“ по што поднесе тужба со која бара 8 милијарди долари.
Случајот е активен повеќе од една деценија. Google победи во првостепениот суд, но таа одлука беше отфрлена од Апелацискиот. Поротата тогаш застана на страната на Google велејќи дека копирањето на кодот било „фер користење“, но ова беше отфрлено од второстепениот суд.
Поради смртта на судијката Рут Бадер Гинсбург само 8 судии го разгледуваат случајот, а поради корона вирусот тоа го прават преку телефон.
Прашањата поставени пред судот се дали актот за заштита на авторските права од 1976-та година нуди заштита за оној дел од софтверот кој Google го копирал, но и дали Google смеел да го направи тоа.
Oracle од своја страна тврди дека случајот е едноставен.
„Ова е случај на кражба“ вели главниот лобист на Oracle во Вашингтон, Кен Глек. Тој она што го направи Google го споредува со плагијат на нечиј туѓ говор. „Тоа е плагијат на нечиј говор, никој не вели – во ред е зашто е копиран само еден ред“ објаснува Глек.
Но, главниот правен застапник на Google', Кент Вокер, во интервју изјави Google ги напиша „сите редови од кодот кој можел да ги напише.“
„Никој досега не барал авторско право за софтверски интерфејс, а тоа е нешто што Oracle го прави сега“ смета тој.
Microsoft, IBM и други големи интернет и технолошки лоби групи застанаа на страната на Google.
Администрацијата на Трамп, Асоцијацијата за играни филмови и Асоцијацијата за музичка индустрија го поддржуваат Oracle.