Американската Администрација за храна и лекови воведе нов сет на строги протоколи за итно одобрување на вакцина за Ковид-19 и покрај силното противење од Белата Куќа.
Според објавените протоколи Администрацијата бара од фармацевтските компании да вршат набљудување на учесниците во истражувањето од најмалку два месеци откако ќе добијат втора и конечна доза од експерименталната вакцина.
Новите правила доаѓаат откако повеќе американски новински агенции известија дека Белата Куќа се противи на нив. Строгите протоколи значат дека евентуалната вакцина за Ковид-19 нема да биде готова пред претседателските избори закажани за 3 ноември.