Линкови за пристапност

Прекинати преговорите за нов пакет поддршка за американските граѓани и бизниси


afdghhj
afdghhj

Преговорите за нов пакет помош за погодените од корона вирусот запреа во вторникот откако претседателот Доналд Трамп рече дека предлозите на Демократите се неприфатливи и дека ја насочува својата администрација да ги прекине до завршувањето на изборите следниот месец.

Ова Трамп го соопшти преку серија постови на Твитер каде подоцна предложи одобрување на неколку поединечни мерки наместо голем пакет како што беше направено неколку пати до сега.

„Доколку добијам поединечен закон за парична поддршка од 1.200 долари чековите веднаш ќе бидат испратени до нашите прекрасни луѓе. Подготвен сум да го потпишам веднаш. Дали ме слушаш Ненси? (Претседателката на Претставничкиот дом, н.з.)“ напиша Трамп на Твитер.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, претпочита групирање на напорите за поддршка, а не нивно разделување преку поединечни закони.

Трамп исто така рече дека бргу би одобрил и закони кои ќе обезбедат милијарди долари поддршка за авиокомпаниите и малите бизниси.

Изминативе недели Пелоси се сретна со секретарот за финансии Стивен Мучин и други претставници на администрацијата додека двете страни се обидуваа да најдат заеднички јазик за нивните предлози.

Покрај разликите за посебните елементи двете страни не можат да се согласат ниту за вкупната сума, претставниците на администрацијата велат дека може да прифатат до 1.6 трилиони долари додека Демократите велат дека би ги намалиле нивниот предлог на најмалку 2.2 трилиони.

Компромисен план, дури и на оваа сума, не би поминал со сигурност во Сенатот каде мнозинство имаат Републиканците кои се противат на толку голем пакет.

Пелоси објави соопштение во кое остро ја критикува објавата на Трамп дека ги прекинува разговорите и дека го насочува лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Мек Меконел, да се фокусира на пополнување на испразнетото место во Врховниот суд.

Трамп на Твитер ги обвини Демократите дека „играат игри“ со чековите за поддршка за луѓето.

XS
SM
MD
LG