Линкови за пристапност

Трамп планира да учествува на втората дебата со Бајден


И Доналд Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден велат дека со нетрпение ја очекуваат нивната втора дебата наредната недела, но инфекцијата со корона вирус на претседателот Трамп отвора прашања за здравствените протоколи на овој настан.

Кога беше запрашан за безбедноста доколку учествува на дебатата Бајден на новинарите им рече дека се надева оти „ќе бидат почитувани протоколите“ и дека „доколку Трамп се уште има Ковид, не треба да учествува на дебатата.“

Бајден вели дека ќе ги следи протоколите на клиниката на Кливленд и советите на неговите лекари.

„Со нетрпение ја очекувам дебатата во вторник навечер, 15-ти октомври, во Мајами. Ќе биде одлично“ напиша Трамп на Твитер.

Претседателот доби позитивен тест за Ковид-19 минатиот четврток и беше хоспитализиран 72 часа, од петокот до понеделникот. Според ова, неговото присуство на настанат може да претставува опасност по јавното здравје, такви се протоколите на Центарот за контрола на болести кој смета дека некој кој го има вирусот е заразен 10 до 20 дена по појавата на симптоми.

Комисијата за претседателски дебати, непрофитна група која ги спонзорира дебатите, се уште нема коментар на оваа тема.

XS
SM
MD
LG