Линкови за пристапност

Опрема за справување со Ковид-19 - донација од САД за Северна Македонија


Опрема за справување со Ковид-19 - донација од САД за Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00

САД денеска донираше опрема за справување со Ковид-19. Опремата вредна 163.000 долари ја добија МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвен крст. Станува збор за генератори за струја, канистри за вода, рефлектори, термометри, средства за дезинфекција, лаптопи. Донацијата, според американската амбасадорка Кејт Брнз, е потврда на стратешката соработка меѓу двете земји и поддршката на САД на Северна Македонија.

„Оваа донација не претставува опрема наменета само за овие услови на Ковид – 19, туку треба долготрајно да им помогне на сите овие лица да се справат со сите слични идни ситуации на итност. САД се најголемиот донатор на ваква опрема, ваш стратешките партнер, така беше во изминатите години и така ќе биде во иднина“ изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

„Гледано од оваа перспектива можам да истакнам дека минатите години ги одбележавме со прилично динамични интензивни реформски зафати во МВР и тоа без исклучок во сите сфери во неговото функционриање. Станува збор за процес што во континуитет се надградува, а чии постигнати резултати во голема мерка се должат на нашето партнерство, постојана стручна, техничка и друга помош што ја добиваме од нашите пријатели од САД“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

XS
SM
MD
LG