Линкови за пристапност

Портпаролката на Белата Куќа позитивна на Ковид-19


Портпаролката на Белата Куќа, Кејли Мекенани соопшти дека е позитивна на корона вирус.

„Откако повеќе пати добив негативен резултат, вклучително и секој ден од четвртокот, денеска наутро добив позитивен резултат и покрај тоа што немам симптоми“ објави Мекенани на Твитер.

Таа додаде дека не знаела за позитивниот тест на Хоуп Хикс, советничка на претседателот Доналд Трамп, пред да го одржи брифингот за новинари во четвртокот. Позитивниот резултат на Хикс беше соопштен во четвртокот вечерта.

Трамп во петокот утрото соопшти дека тој и првата дама Меланија се позитивни на Ковид-19. Подоцна беше префрлен во медицинскиот центар Волтер Рид.

Мекенани рече дека ќе започне со процедурата за карантин и дека ќе продолжи да работи од далечина.

XS
SM
MD
LG