Француските власти воведоа највисоко ниво на тревога за регионот на Париз поради корона вирусот. Забранети се јавни собири, затворени се сите барови, но е дозволено рестораните да продолжат да работат.
Овие мерки доаѓаат откако бројот на нови инфекции нагло почна да се зголемува.
Шефот на полицијата на Париз соопшти дека новите рестрикции ќе се применуваат најмалку две недели.
Почнувајќи од вторник баровите ќе бидат затворени во Париз и во предградијата. Студентските забави, како и сите други семејни и сезонски настани во јавни простори ќе бидат забранети.
Рестораните ќе продолжат со работа, но под строги протоколи – растојанието меѓу масите мора да биде најмалку еден метар, а забранети ќе бидат поголеми групи од 6 луѓе.
Покриените спортските објекти, вклучително и базените, ќе може да ги користат само лицата помлади од 18 години. Теретаните и до сега беа затворени.
Кината, театрите и музите ќе продолжат да работат по строги санитетски правила но саемите и професионалните изложби ќе бидат забранети.
Властите дозволија до 1.000 гледачи за големите спортски настани со што тенискиот турнир Ролан Гарос може да продолжи во текот на неделата.
Франција е меѓу најпогодените земји во Европа, од почетокот на пандемијата како последица на корона вирусот починаа 32.230 луѓе.