Линкови за пристапност

Белата Куќа оптимист дека Доналд Трамп денеска ќе биде пуштен од болница


Шефот на персонал на Белата Куќа, Марк Медоус, рече дека претседателот Доналд Трамп има состанок со лекарите кои го третираат за Ковид-19 за да се процени неговиот напредок. Тој додаде дека администрацијата е оптимист оти претседателот може да биде пуштен од болница подоцна денеска.

„Утрово зборував со претседателот. Во текот на ноќта продолжил да се подобрува и подготвен е да се врати на нормалниот распоред за работа“ изјави Медоус за Фокс Њус. „Ние сме оптимисти дека ќе може да се врати во Белата Куќа подоцна денеска“ додаде тој.

Претседателот Доналд Трамп во неделата вечер на Твитер објави видео во кое вели дека добива „одлични наоди“ од неговите лекари а на поддржувачите собрани пред болницата во која добива третман за Ковид-19 им вети мало изненадување.

По ова претседателот накратко го напушти воениот медицински центар Волтер Рид во блиндирано возило придружувано од агенти на тајната служба и помина покрај групата луѓе.

„Претседателот Трамп се повози во поворка за да ги поздрави неговите поддржувачи и сега се врати во претседателскиот апартман во болницата Волтер Рид“ соопшти Џуд Дере, портпарол на Белата Куќа.

Претходно во неделата лекарите кои го третираат претседателот објавија дека тој доживеал „две епизоди на намалување на нивото на кислород во крвта.“

XS
SM
MD
LG