Претседателскиот кандидат Џо Бајден е негативен на корона вирусот. Тој бил тестиран во петокот и во неделата.
Трамп и Бајден беа раздалечени четири метри за време на дебатата во вторникот вечерта во Кливленд, Охајо. Американскиот Центар за контрола на болести препорачува растојание од најмалку два метри за да се запази социјалното дистанцирање.
Зборувајќи во петокот во Гранд Рапидс, Мичиген Бајден кој носеше хируршка маска уште еднаш побара носење уредба за употреба на заштитни маски на национално ниво велејќи дека тоа може да спаси 100.000 животи за 100 дена.
Бајден во петокот рече дека „испраќа молитви за здравјето и безбедноста на првата дама и на претседателот на Соединетите Држави.“
Бајден додаде дека позитивниот тест на претседателот е „потсетник за сите нас дека треба да го сфатиме вирусот сериозно.“