Линкови за пристапност

Реакции по веста за дијагнозата со Ковид на Трамп


На помалку од еден месец пред американските претседателски избори, Доналд Трамп рано во петокот соопшти преку Твитер дека тој и првата дама Меланија Трамп покажале позитивен резултат на тестот за коронавирус и дека започнале со карантин.

Како реакција на веста, потпретседателот Мајк Пенс испрати порака на Твитер: „Карен и јас испраќаме љубов и и молитви на нашите драги пријатели. Се придружуваме на милиони низ Америка кои се молат за нивно целосно и брзо опоравување. Господ да Ве благослови Претседателе Трамп и нашата прекрасна Прва дама Меланија Трамп“.

Не е познато колку драстично резултатот на тестот ќе влијае на кампањските активности на претседателот. Засега, Трамп нема да патува на собири и настани за собирање донации.

Државниот секретар Мајк Помпео ги увери новинарите кои патуваат со него во петокот во Хрватска, дека се чувствува добро и дека нема Ковид-19, забележувајќи дека е тестиран редовно.

„Се молиме претседателот и првата дама да имаат брзо опоравување“, рече Помпео.

Глобалните пазари паднаа по веста за дијагнозата на Трамп.

Демократскиот конгресмен Хоакин Кастро од Тексас изрази загриженост во порака на Твитер: „Не се работи само за личното здравје на претседателот; се работи за прашање на националната безбедност. Овој вирус одзеде 200 илјади американски животи за шест месеци“.

Индискиот премиер Нерендра Моди беше меѓу првите странски лидери кои испратија убави желби за семејството Трамп. Моди на Твитер кажа: „На мојот пријател @POTUS @realDonaldTrump и @FLOTUS им посакувам брзо опоравување и добро здравје“. Желби со слична содржина беа испратени и некои од најжестоките критичaри на претседателот.

„Најискрено се молиме претседателот и првата дама да не го добијат најлошото од оваа болест“, напиша американскиот лидер за граѓански права Џеси Џексон на Твитер. „Сите мора да се молиме за целосно опоравување на претседателот и неговата сопруга. Се какви и да сте верски или политички убедувања, ние мора да се молиме додека милиони луѓе се зафатени од оваа болест“.

XS
SM
MD
LG