Линкови за пристапност

Трамп и првата дама покажале позитивен резултат на тест за Ковид-19


Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека тој и неговата сопруга, Меланија, покажале позитивен резултат на тестот за коронавирус.

Не беше веднаш јасно дали тие чувствуваат симптоми вообичаено поврзани со Ковид-19, болеста што ја предизвикува вирусот.

Седумдесет и четиригодишниот претседател се смета дека е во повисока ризична категорија за Ковид-19 заради неговата возраст и телесна тежина.

Придржувањето на протоколот за карантин би го спречило да патува две недели, период што би требало да заврши во време на неговата планирана дебата со демократскиот противник Џо Бајден на 15-ти октомври. Трамп и неговата сопруга се придружуваат на 7,2 милиони луѓе во САД кои се заразиле со вирусот.

XS
SM
MD
LG