Линкови за пристапност

Нови содржини на Охридското Езеро – сурфање на даска и скијање на вода


Нови содржини на Охридското Езеро – сурфање на даска и скијање на вода
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Нови содржини на Охридското Езеро – сурфање на даска и скијање на вода

Пандемијата со Ковид-19 донесе и некои позитивни работи во туризмот годинава. На пример во Охрид за прв пат комерцијално ова лето почна да се нудат и некои спортови на вода кои досега не беа присутни на езерото. На пример сурфање на скии во вода или пак влечење со пловен објект на гуми во форма на банана и крофна.

Сте пробале ли некогаш да сурфате на даска или да скијате на вода или пак можеби да ве влечат со пловен објекти, седнати на гумa во форма на банана или крофна. Вакво несекојдневно адреналинско доживување, ова лето за прв пат можеше да се проба во Охрид. Оние кои тоа веќе го направиле, велат дека Охридското езеро е идеалано за вакво нешто, но оти често пати доброто сурфање зависи од правецот и брзината на ветерот.

„Се возевме на wake boarding. Супер активност на вода. Се влечеме со даска на нозе и со јаже на глисер. Супер искуство, прв пат пробав оваа година и е многу забавно. Фалеше нешто вакво, бидејќи од друга перспектива се гледа Охрид, малку по екстремна. Но може секој да проба, не мора да си спортски активен или спремен“ вели Сања Спасовска.

Пред почетокот на водените лудории низ езерото, неопходна е десетминутна обука, од страна на инструктори.

„Ние сме првите кои се одлучивме ова да го работиме комерцијално и да го ставиме во понудата на Охрид. Имаме од нај софт адвенчар пакети, до нај адреналински пакети. Зад нас е бананата и софата кои се по фамилијарни, по нежни и не се толку опасни, а на другата страна го имаме wake surf и wake board, кои се адреналински, но и ризикот е пресметан“ вели Јован Јованоски, туристичка агенција ЈЈ.

Поголем дел од опремата ја набавиле со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку програмата ИМЕ.

„Сакаме да понудиме седум дневни пакети за идната година и викенд тури со кампинг“ вели Јованоски.

На една од охридските плажи пак летово функционираше и Сурф Академија, каде што посетителите имаа можност да практикуваат едрење на даска и исправено веслање на даска.

„Условите во Охридското езеро, дозволуваат овој спорт да им се приближи на луѓето, особено на младата популација и децата, затоа што има идеални услови за почетниот стадиум. Во смисла, има некое ветренце, нема некои бранови и лесно може човек да пристапи кон овој спорт“ вели Зоран Митревски, тренер по спортови на вода.

Најголем е интересот помеѓу најмладите.

„Прво учев како да веслам на суб даска. Имав некои мали вежби и на крај бидејќи тоа ми беше усовршено, следниот час преминав на винд сурфинг. На почеток ми беше малку тешко, но потоа сфатив дека е се полесно и полесно“ вели Никола Буклески.

„По час и половина. Од почеток е тешко, но ќе се навикнеш“ вели Петар Илиоски.

Идејата е велат меѓу другото да се промовира здравиот и активен начин на живот.

XS
SM
MD
LG