Бројот на луѓе убиени од Ковид-19 надмина еден милион, според Центарот за податоци за коронавирусот на Универзитетот Џонс Хопкинс, кој вели дека вкупно заразени во светот има 33 милиони.
Зборувајќи за тоа што го нарече „агонизирачка” цифра, гернералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика светот да го совлада предизвикот што го носи пандемијата и да научи од грешките направени на почетокот.
„Одговорно лидерство е важно“, рече Гутереш. „Науката е важна“. Соработката е важна -- и дезинформацијата убива“.
Ковид-19 е болест предизвикана од нов коронавирус, за кој се верува дека произлегол од Вухан, Кина, кон крајот на минатата година.
Во време кога пандемијата достигнува црна бројка, претставникот на Светската здравствена организација вели дека вистинската цифра е најверојатно повисока.
„Сегашните бројки најверојатно се помали од бројот на оние кои или се заразиле или умреле од Ковид-19“, кажа Мајк Рајан, највисок експерт за вонредни ситуации на СЗО, кој зборуваше на брифинг во Женева.
Еден милион смртни случаи се меѓу 33,2 милиони луѓе во светот кои биле разболени од болеста, во светот, и има се поголем број знаци дека многу држави се на пат да искусат втор бран на волеста, особено во САД, кои водат во светот со 7,1 милион случаи, вклучувајќи 205.000 мртви.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вети дека 150 милиони брзи тестови на Ковид-19 ќе бидат достапни. Тој рече дека „масивно и невидено досега проширување“ на тестирањето ќе помогне да се заштитат оние во домовите за стари лица, ќе направи училиштата да бидат отворени побезбедно и ќе помогне економијата да се врати на добра патека.
СЗО соопшти дека 120 милиони брзи дијагностички тестови за коронавирус ќе бидат достапни на држави со слаби или средни примања.