Светот брзо се приближува до еден милион смртни случаи од Ковид-19, рано во понеделник објави Центарот за податоци на Џонс Хопкинс. Хопкинс соопшти дека има повеќе од 33 милиони инфекции од вирусот во светот.
Истрага на CNN за датата на Хопкинс откри дека бројот на случаи на Ковид-19 се зголемил за најмалку 10 проценти од претходната недела во 21 американска држава.
Доктор Крис Муреј, директор на Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот на Вашингтон за CNN кажа дека очекува „голем бран“ на инфекции со коронавирус во октомври во САД, што исто така се очекува да продолжи во ноември и декември.
САД имаат повеќе од седум милиони инфекции со Ковид-19, по што следат Индија со повеќе од шест милиони и Бразил со речиси пет милиони, според податоците на Хопкинс.
Европа доживува нов бран на коронавирус, што води некои влади на континентот повторно да постават рестрикции за жителите и за бизнисите.
Британскиот премиер Борис Џонсон предупредува дека неговата држава може да види „втор бран“ на коронавирус. Во неделата тој кажа дека „брза и решителна акција“ мора да биде преземена во борбата против вирусот што предизвикува Ковид-19.
Во Франција, Патрик Буе, првиот човек на Националниот совет на редот на лекари за Журнал ду Диманж дека „ако ништо не се промени, Франција ќе се соочи со широка распространетост на епидемијата на низ целата нејзина територија, за време на неколку долги есенски и зимски месеци“, и дека здравствениот систем ќе се распадне под притисокот.
Холандскиот премиер Мајк Рут бранот на инфекции во неговата држава го нарече „многу загрижувачки што ќе присили на преземање дополнителни мерки“.
Во Шпанија, локалните власти во Мадрид и националната влада се во судир во врска со распонот на потребните чекори за ставање на епидемијата на нови случаи под контрола во регионот на главниот град.