Линкови за пристапност

Њујорк Тајмс ги вади даноците на Трамп во светлина на изборите 2020


Весникот тврди дека претседателот платил 750 долари даноци за 2016 и 2017, и ништо во 10 од 15 години пред да се кандидира за Белата куќа

Речиси четири години откако тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп за прв пат се соочи со прашања за неговите даноци од приход, прашањето се врати во преден план на изборите 2020, додека Трамп и демократскиот предизвикувач Џо Бајден се подготвуваат за нивната прва дебата во вторник навечер.

Њујорк Тајмс објави долг извештај онлајн во неделата покажувајќи дека Трамп, милијардер кој често зборува за неговите успеси во бизнисот, платил 750 долари данок на приход во САД во 2016 годината кога се кандидирал за претседател, и во 2017, неговата прва година на функцијата.

Весникот кажа дека ревидирал две децении на даноците на Трамп и дека се покажало оти великанот на недвижнини, водител на шоу на телевизијата и сега политичар, изгубил стотици милиони долари во неговите бизнис договори што му дозволило да отпише данок на приход и да не плати даноци во 10 од 15 години пред да се кандидира за Белата куќа.

Трамп, за разлика од сите други американски претседатели за последните пет децении, одби да ги открие цифрите на платен данок, велејќи дека тие се преиспитуваат од агенцијата за даноци на државата (IRS) иако агенцијата вели дека не забранува нивно откривање од страна на даночниот обврзник.

Запрашан за извештајот, Трамп го нарече „целосно лажни вести“.

XS
SM
MD
LG