Линкови за пристапност

Бројот на барања за бенефиции заради невработеност во САД останува висок


Американскиот Оддел за труд во четврток извести дека 870.000 работници поднеле барање за компензација заради невработеност минатата недела, што е нешто повеќе во однос на неделата пред тоа, и уште еден знак дека пандемијата на коронавирус продолжува да го забавува економското опоравување на САД.

Милиони работници остануваат невработени во државата, со стапката на невработеност на 8,6 проценти во средина на септември. Економистите велат дека цифрата ќе остане висока со месеци. Само околу половина од 22 милиони изгубени работни места во САД заради пандемијата со коронавирусот се пополнети. Најголемата светска економија додала 1,4 милиони работни места во август. Неделните иницијални барања заради невработеност се чини дека се стабилизирани некаде под 900.000 последниве недели.

Цифрата на неделни пријави во последно време е далеку под 6,9 милиони - рекодот пријавен на крајот на март. Таква цифра немало од 1960-те наваму.

За време на најлошото од пандемијата, стапката на невработеност во САД надмина 14,7 проценти во април. На шест недели пред претседателските и конгресни избори во САД на 3-ти ноември, претседателот Доналд Трамп и и републиканските и демократските законодавци во политички поделениот Вашингтон не беа во состојба да постигнат договор за проширување на бенефициите заради невработеност и за тооа колку би можеле тие бенефиции да бидат.

XS
SM
MD
LG