Линкови за пристапност

Државната администрација се полни со партиски вработувања бидејќи системот тоа го дозволува


Во правната регулатива има многу ранливи точки кои оставаат простор за коруптивни делувања во постапките за вработување, како што се дискреционите овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот, покажува истражувањето на експертите

СКОПЈЕ –Простор за дискреција кога се регрутира кадар во јавниот сектор но и кога станува збор за унапредување и наградување на вработените, нејасна постапка за избор, отчетност и разрешување на директори и членови на управни одбори, неефикасни и неефективни контролни механизми при постапките за вработување, диспропорција во однос на број на вработени, користење на привремените вработувања како можност за заобиколување на редовната постапка за избор на кандидати, користење на подзаконските акти како можност за вработување на нестручен кадар, распишување на огласи во предизборие, формирање на органи за само едно лице.

Овие слабости ги дозволуваат постоечките законски решенија и подзаконски акти кои се однесуваат на државните службеници односно јавната администрација, покажа истражувањето кое го спроведоа Антикорупциската комисија и невладината „Транспаренси Интернешенел“ во рамките на проектот „ Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

„Од анализата за ранливост од корупција во вработувањата може да констатираме дека кронизмот, непотизмот, клиентелизмот, дискреционите овластувања, политизација при вработувања во јавниот сектор ја претставуваат најслабата карика во остварувањето на професионална и ефикасна администрација“, изјави Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската Комисија.

Истражувањето финиширашесо извештај во кој има 42 препораки со предложени 151 активности за да се елиминираат и надминат слабостите во законскиата регулатива и да се стави крај на ангажирање на непрофесионален кадар преку партиски, пријателски или роднинси врски поради кои крајните корисници на услугите – граѓаните трпат штета.

„ Истражувајќи откривме дека има државни институции каде има именуван директор но без вработени вработен, институции кои немаат ниту еден вработен, спорни конкурси со користење на дискрециони права како при вработување така и при избори на одбори и отсуство на секаков вид контрола врз овие процеси. Државата треба да обезбеди квалитетна реформа во вработувањата, а со преземањето на активностите во препораките, ќе се влијае на намалување на корупцијата во јавниот сектор на начин што ќе се намали монополот и дискрецијата во одлучувањето, а ќе се зајакне одговорноста, интегритетот и транспарентност на институциите кои се дел од јавниот сектор“, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешенел“.

Меѓу клучните препораки се измени и дополнувања во неколку Закони кои се однесуваат на администрацијата, ефикасна и ефективна контрола над подзаконските акти, институционална реорганизација и оптимизација на јавниот сектор, ограничување на вработување на определено време преку Агенција за привремени вработувања, намалување на дискрецијата и утврдување јасни критериуми за распишување на интерен оглас и воведување на унифицирана постапка при избор на директори на Јапвни претрпијати и на надзорни и управни одбори во истите.

Холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, смета дека овој извештај ги откри слабите точки на системот и законите кои ги според со „брод полн со дупки кој се полни со вода“

„Ако ме прашате мене, борбата со корупцијата не е за во ЕУ туку е за вас, за граѓаните на Северна Македонија. Ако се отстрани корупцијата од јавната администрација ќе влијае на сите други апсекти во живеењто. Добро е за биснисот и ќе се привлечат странски инвеститори. Затоа овој проблем мора итно да се адресира и реши бидејчи само „брод без дупки“ плови брзо по површината“, рече амбасадорот Коп.

Вицепремиерот за борба против организираниот криминал и корупција, Љупчо Николовски пак истакна непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и не може лесно да се искорени и нагласи дека тој иВладата се одлучни да ги употребат сите механизми и да спречат партиските листи и пријателства да кумуваат при вработувањата во државната администрација.

„Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор, доколку изборот на вработени не се одвива според предвидените квалификации за одредено работно место. Не можеме да очекуваме напредок доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание“, изјави вицепремиерот Николовски.

На последната седница на Владата е усвоен Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите во кој се предвидени значително построги правила и принципи во делот на отчетноста кај министрите но и кај функционери како директори на јавни претпријатија, агенции, и акционерски друштва (АД) во државна сопственост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG