Линкови за пристапност

Обраќање на Пендаровски пред Генералното Собрание на ООН


Обраќање на Пендаровски пред Генералното Собрание на ООН
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Обраќање на Пендаровски пред Генералното Собрание на ООН

„Оваа година беше една од најтешките во поновата историја на човештвото - Ковид-19 предизвика тектонски промени во светот и не потсети дека е потребен глобален динамичен систем на споделени правила и принципи“, порача шефот на државата во своето прво обраќање пред Генералното Собрание на ОН. Овогодишниот настан, кој се фокусира токму на предизивците што ги носи коронакризата, за првпат во 75-годишната историја на Светската организација, се одржува без физичко присуство на лидерите на држави и влади.

2020-тата треба да биде пресвртна година за сите нас. Денес, наместо постојниот статичен поредок настанат по Втората светска војна, потребен ни е функционален и динамичен систем на споделени правила и принципи во кои веруваме, прилагодени на новото време. Неопходен ни е нов модел на активен, инклузивен мултилатерализам, препознатлив по солидарноста меѓу нациите и хуманоста меѓу луѓето. Во овој контекст, една од големите задачи на Обединетите нации е да ни помогнат да го задржиме фокусот и да ја држиме будна колективната свест и совест за глобалното добро. Затоа, за да го пребродиме овој период неопходна ни е солидарност меѓу државите што нема да се рефлектира само на здравствен план. Мора да бидеме солидарни и во поглед на иднината која треба заеднички да ја изградиме“ изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Порача дека пандемијата не смее да се користи за кревање геополитички тензии и за зајакнување на натпреварот меѓу големите сили. Смета дека има можност за преструктуирање на економиите, технологиите и начинот на живот. Промоцијата на мирот и превенцијата на конфликти, според Пендаровски, немаат алтернатива.

„Како мала држава во југоисточна Европа, внесовме дополнителна стабилност во регионот решавајќи, со посредство на ОН, еден комплексен спор со нашиот сосед Грција. Сега договореното го спроведуваме во добра верба, од што корист ќе имаат и нашите две држави, но и регионот во целина. Истовремено, подготвени сме, сите отворени прашања да ги решаваме низ дијалог на рамноправни субјекти, за што значаен пример е Договорот за добрососедство и соработка со нашиот сосед Република Бугарија“ рече Пендаровски.

Шефот на државата потсети дека Балканот се уште се соочува со нерешени политички и историски спорови кои, според него, имаат потенцијал да го вратат регионот во деведесетите години на минатиот век. Решението, како што рече Пендаровски, е во надминувањето на историските митови, а не е во идеологиите од 19-от век за етничка и верска доминација.

XS
SM
MD
LG