Линкови за пристапност

Македонски аналитичари: САД ќе останат наш стратешки партнер без оглед на исходот од изборите таму


Македонски аналитичари: САД ќе останат наш стратешки партнер без оглед на исходот од изборите таму
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Од исходот на претстојните избори во САД, може да зависи и решавањето на некои се уште отворени прашања на Балканот, велат познавачи на приликите за Гласот на Америка. Други пак сметаат дека без разлика кој е на власт, САД има конзистентна политика за овој дел.

Од исходот на претстојните избори во САД, може да зависи и решавањето на некои се уште отворени прашања на Балканот, велат познавачи на приликите за Гласот на Америка. Други пак сметаат дека без разлика кој е на власт, САД има конзистентна политика за овој дел.

Балканот се наоѓа пред клучен период за решавање на се уште отворените прашања, вели професорот по безбедност Марјан Ѓуровски.

Но според него исходот од претстојните избори во САД, непосредно ќе влијае и врз ставањето крај на дел од нив.

„Овие меѓународни отворени прашања, како ќе се решаваат и дали во подолг период ќе останат отворени, ќе зависи од исходот на американските избори и влијанието на идниот или постојниот американски претседател врз решавањето на Балканот, со оглед на тоа дека американската надворешна политика има различен пристап во однос на републиканците и демократите на влијанието и фокусирањето на Балканот“ вели Марјан Ѓуровски, професор по безбедност.

Како пример Ѓуровски го посочува дефинирањето на конечниот статус на Косово и односите со Србија, но и последните случувања во Бугарија, и статусот на БиХ и Република Српска.

„Балканот повторно отвара бројни отворени прашања.Постизборно Црна Гора станува сериозно невралгично подрачје со оглед на искличително големото влијание кое може да го оствари Руската федерација преку недифинираните позиции на новата десница која претендира кон формирање на Владата на Црна Гора и непринципиелното влијание кое го изврши СПЦ и директниот упад врз демократијата и политичкото мислење во Црна Гора“ објаснува тој.

Професорот, Никола Дујовски пак вели дека без разлика кој е на власт, САД се секогаш стратешки партнер како за Балканот така и за Северна Македонија.

„Америка и тоа како е значаен играч во овој регион, меѓутоа не од аспект на промена на администрацијата. Во САД се водат такви конзистентни и стабилни политики кон одредени региони и на кои не влијае администрацијата предводена од републиканците или демократите“ вели Никола Дујовски, професор по безбедност.

Во однос на косовското прашање, професорот Ѓуровски вели дека било која поделба или размена на територии помеѓу Косово и Србија може да има домино ефект врз стабилноста и безбедноста на македонската држава. Се надева на взаемно прифатливо решение, кое ќе биде добро за сите.

„Реално треба да се направи стратешки план, околу неколку клучни прашања во кои не треба да постои разлика ни помеѓу македонската власт ни помеѓу македонската опозиција. Треба да проработи националниот европски совет“ вели Ѓуровски.

„Решавањето на косовското прашање за нас во Северна Македонија не треба да биде особен предизвик, имајќи во предвид дека од пред неколку месеци ние сме 30-та земја членка на НАТО. Што само по себе е доволна гаранција дека не може да се прелее било каква политичка нестабилност од тој регион во нашата држава“ вели Дујовски.

XS
SM
MD
LG