Линкови за пристапност

Започнува јавното збогување со судијката на Врховниот суд на САД


Колеги, пријатели и обожуватели ќе започнат со оддавање почит на починатата судијка на Врховниот суд на САД, Рут Бејдер Гинсбург.

Ковчегот на Гинсбург ќе биде донесен во зградата на Врховниот суд за приватна церемонија во Големата хала, во присуство на нејзиното семејство и нејзините колеги судии. Ковчегот потоа ќе биде преместен на предните скали на зградата и ќе биде достапен за јавноста до четврток, на истата дрвена платформа изградена за ковчегот на претседателот Абрахам Линколн по атентатот врз него во 1865.

Понатамошно оддавање на почит ќе се случи во петок кога Гинсбург ќе биде однесена преку улица, во Капитолот на САД, каде ќе биде положена во Халата на статуите, со што ќе стане првата жена што добила таква почест. Јавноста ќе може да го види ковчегот по формалната церемонија за поканети гости.

Во соопштението од Врховниот суд на САД стои дека Гинсбург ќе биде погребана следната недела со приватна церемонија на Националните гробишта во Арлингтон, конечно почивалиште на фигури како Претседателот Џон Ф. Кенеди, неговите браќа Роберт и Едвард, двајца проминентни сенатори на САД, и боксерскиот шампион во тешка категориија Џо Луис.

Гинсбург почина во петокот, на 87 години, од метастатичен рак на панкреас, завршувајќи 27-годишен мандат во највисокиот суд на државата. Нејзиниот статус на лидерка на либералното малцинство во судот, заедно со нејзината работа на барање еднаквост пред законот за жените и девочињата во сите сфери на американскиот живот пред да стане судијка, ја направија културна икона.

Нејзината смрт предизвика политичка битка за нејзина замена. Претседателот Доналд Трамп и републиканскиот Сенат ветуваат именување и конфирмација на нов судија пред претседателските избори на 3-ти ноември, што на судот ќе му даде цврсто конзервативно мнозинство 6 спрема 3. Претседателот во вторникот најави дека ќе именува судија со доживотен мандат во сабота.

XS
SM
MD
LG