Линкови за пристапност

Амбициозен план - НАСА ќе испрати жена на Месечината до 2024-та година


НАСА објави план според кој планира да ја испрати првата жена на Месечината до 2024-та година.

Администраторот на НАСА, Џим Бриденстин, рече дека планот вреден 28 милијарди долари има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината за прв пат од 1972-та година.

„Се враќаме на месечината заради научни откритија, економска корист и инспирација за новата генерација на истражувачи“ изјави Бриденстин. „Како што ќе градиме одржливо присуство исто така ќе градиме и моментум кон првите чекори на човекот и на Црвената планета“ додаде тој.

Мисијата на НАСА за Месечината е дел од планот Артемис. Астронаутите ќе бидат испратени со новата ракета на НАСА, Системот за вселенски лансирања како и со леталото Орион.

Бриденстин рече дека „политичките ризици“ често се заканувале на работата на НАСА особено во овој период кога се води жестока политичка битка пред изборите. Доколку Конкресот ги одобри првичните 3.2 милијарди долари до Божик „ќе бидеме на време за слетување до 2024-та“ рече тој.

XS
SM
MD
LG