(Хјустон, АП) Комбинацијата од висока плима и силен дожд предизвикаа поплави долж брегот на Тексас откако пристигна тропската бура Бета.
Бурата се заканува на области кои веќе се соочија со штети во оваа активна сезона на урагани.
Бета пристигна на брегот во понеделникот доцна навечер малку северно од Порт О Конор во Тексас и беше деветтата именувана бура која пристигна на бегот на САД оваа година. Со ова беше достигнат рекордот поставен во 1916-та година.
Предвидено е Бета да продре на копното во југоисточен Тексас до среда, а потоа до петок да се движи преку Луизијана и Мисисипи.