Линкови за пристапност

75 години Обединети Нации – јубилеј во време полно со предизвици


Обединетите Нации (ООН) одбележуваат 75 години од основањето во време на глобална пандемија и други сериозни предизвици кои генералниот секретар вели дека ја потенцираат потребата од поголема меѓународна соработка.

„Пандемијата на Ковид-19 ги истакна слабостите во светот. На нив може да одговориме единствено заедно“ изјави генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш. „Денес имаме вишок на мултилатерални предизвици и недостаток на мултилатерални решенија“ додаде тој.

Годишнината на ООН се совпаѓа со годишните средби на светските лидери. Сепак, пандемијата ја трансформираше сесијата на Генералното собрание во виртуелни настани. Преку целата недела, само еден претставник од секоја држава ќе биде присутен во големата сала на Генералното Собрание со цел да се запази социјалното дистанцирање. Шефовите на држави и влади ќе бидат дел од состаноците од нивните држави преку видео пораки.

Обединетите Нации беа формирани во 1945-та по крајот на Втората светска војна за да спречат некој иден голем конфликт.

„Трета светска војна, нешто од што многумина се плашеа, беше избегната“ рече Гутереш. „Никогаш во модерната историја не минале толку многу години без воени конфронтации меѓу големите сили. Ова е големо постигнување со кое земјите – членки треба да се гордеат и кое мораме да се бориме да го зачуваме“ додаде тој.

Тој ги нотираше достигнувањата на ООН како намалувањето на гладта и сиромаштијата, помошта за милиони жртви во конфликти и катастрофи и искоренувањето на болести.

XS
SM
MD
LG