Линкови за пристапност

Трамп разгледува две кандидатки за испразнетото место во Врховниот суд


Претседателот Доналд Трамп по се изгледа е фокусиран да именува една од двете конзервативни судијки кои претходно ги има назначено во апелациони судови да ја заменат судијката во Врховниот суд Рут Бадер Гинсбург, либералната икона која почина во петокот.

Трамп на митинг во Северна Каролина во саботата рече дека ќе ја изврши номинацијата оваа недела и дека „ќе биде жена.“

Претходно тој ги спомна Ејми Кони Барет од апелацискиот суд базиран во Чикаго и Барбара Лагоа од судот базиран во Атланта како можни кандидатки.

Поддржувачите извикуваа „пополни го местото“ а Трамп рече дека токму тоа е и негова намера.

И двете кандидатки, Барет која има 48 години и Лагоа која има 52, би предизвикале поддршка од Републиканците и критика од Демократите. Со доживотен мандат кој би го добиле би ја зголемиле предноста на конзервативците во Судот, од 5 наспорти 4 на 6 наспроти 3 судии.

Кој и да биде избран ќе има клучна улога во судските одлуки во следните години за правата на абортус, контролата на оружјето, религиозните слободи, слободата на говор, имиграцијата, здравствената заштита и низа други прашања.

Оваа номинација за Врховниот суд би била трета која ја прави Доланд Трамп откако Сенатот претходно потврди двајца конзервативни судии.

Во повик до Мич Мек Конел, лидерот на мнозинството во Сенатот, Трамп ги спомнал Барет и Лагоа како свои фаворити, но било дискутирано и за трета жена, Алисон Џоунс Рашинг, која е судијка во апелацискиот суд базиран на Средниот Атлантик. Сите имаат широка поддршла од конзервативниот правен естаблишмент во САД.

Лагоа имаше лесно гласање во Сенатот, доби 80 наспроти 15 гласови со поддршка и од Демократите. Таа е првата Американка од Куба која беше судијка во Врховниот суд на Флорида пред да стане федерална судијка во 2019-та.

Од друга страна Барет и Рашинг се соочија со силна опозиција од Демократите при нивните назначувања во апелациските судови.

Барет 15 години предавала право на Универзитетот Нотр Дам, еден од најистакнатите католички универзитети во САД пред Трамп да ја номинира за апелацискиот суд во 2017-та. Тогаш Демократите во своите критики ја изразија загриженоста за важноста на религијата во нејзиниот живот. Цитираа коментар што го има дадено на Универзитетот дека „правната кариера е само средство за постигнување на целта, а тоа е градење на Божјото царство.“

38 годишната Рашинг ја доби позицијата во апелацискиот суд со поддршка единствено од Републиканците. Демократите, како и групите за граѓански права и за права на ЛГБТ заедницата се спротивставија на нејзината номинација. Го цитираа нејзиното волонтирање во Алијансата за одбрана на слободата, конзервативна и христијанска невладина организација базирана во Аризона која бранеше пекар од Колорадо пред Врховниот суд во случај во кој тој одбил да направи торта за геј свадба, како и во друг случај со кој им се овозможи на компаниите да не обезбедат осигурување за покривање на контрацептивни средства поради религиозните убедувања на сопствениците.

XS
SM
MD
LG