Линкови за пристапност

Бруклин ќе подигне статуа на Гинсбург


Статуа на починатата судијка од Врховниот суд на САД Рут Бадер Гинсбург ќе биде подигната во нејзиниот роден Бруклин.

Ова го најави гувернерот на Њујорк Ендру Куомо во саботата.

Куомо кој е Демократ рече дека ќе назначи комисија која ќе го одбере уметникот и ќе го надгледува одбирањето на локацијата.

Во соопштение Куомо рече дека статуата ќе служи како физички потсетник за „големите придонеси за Америка на Гинсбург кои ги знаеме денеска и ќе биде инспирација за оние кои ќе продолжат да ги надградуваат нејзините огромни дела.“

Гувернерот рече дека „Гинсбург несебично се бореше за вистината и правдата во свет на поделби, им даваше глас на безгласните и ги издигаше оние кои беа туркани на страна од силите на омразата и нетрпеливоста.“

Гинсбург почина во петокот од компликации на метастазиран рак на панкреасот. Имаше 87 години. Беше родена во Бруклин во 1933-та. Таа беше втората жена – судијка во Врховниот суд на САД. Се залагаше за правата на жените.

XS
SM
MD
LG