СКОПЈЕ – Надлежните се без одговор по скокот на бројката на новозаболени и починати од коронавирус во последнитге неколку дена во Северна Македонија. 35 починати, меѓу кои се 23 годишно момче од Скопје и една година постар струмичанец и 628 нови актвини случаи се регистирани во последните пет дена. Ако во понеделникот беа регистрирани само 37 заболени последните три дена бројките се трицифрени и се искачија до 186 заболени. Расте и бројката на позтивни тестови која сега е над 8 отсто од направените.Вкупната бројка на пациенти кои ја загубија битката со коронавирусот се искачи на 683 лица со што државата е на 22 место во Европа во оваа црна статистика.
Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека од починатите пациенти имале коморбидитети и потврди дека расте процентот на позитивни тестови.
„Не никаде не грешиме. Станува збор за исклучително тешка болест која се манифестира во тешка клиничка форма. Секојдневно разговараме со директорите на сите клиники и болници каде има пациенти заболени од коронавирус. За жал има и млади починати, дел од нив се сериозни коморбидитети, нешто што ја влошува ситуацијата и ја намалува шанската за добар исход. Забележуваме дека во изминатите денови е зголемен процентот на позитивни случаи од вкупнот број на направени тестови. Имаве еден тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме до 6,5 а сега е околу 8 проценти“, изјави министерот Филипче.
Надлежните институции и Комисијата ги анализираат бројките на нови случаи и на починати и на почетокот на идната недела ќе соопштат што утврдиле односно на што се должи тоа и дали ќе има дополнителни превентивни мерки за да се спречи повторно полнење на болниците и оптеретување на здравствениот систем.
„Правиме анализи во изминатите два дена, ќе продолжат и викендов. Тоа што не сакаме да дозволиме е да имаме преполни болници. Анализата ќе заврши на почетокот на идната недела и врз основа на тоа ќе можеме да кажеме на што се должи тоа и дали евентуално нешто треба дополнително да се превземе. За жал, мора да нагласам дека речиси секаде каде што имаме нови случаи превентивните мерки не се почитувале. Само со придржување до превентивните мерки може да излеземе од оваа криза“, рече Филипче.
Околу воведувањето на целодневната настава во училиштата, Филипче соопшти дека Комисијата викендов ќе ја анализира состојбата и бројките на деца кои што би требало да останат во училиштата и најави дека е моно да се донесе позитивна одлука која ќе се однесува само на оние училшта каде што таа бројка е помала.
Околу барањата на родителите на деца до шест години, засега Владата не размислува да ја смени одлуката бидејќи шесте месеци биле доволно време да продолжување на породилното отсуство.
Во последното деноноќие се регистрирани 140 новозаболени, 60 оздравени пациенти и шест жртви. Направени се 1.397 теста а 10 проценти се позитивни.
„Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови“, соопштија од Министерството за здравство.
Со последните шестмина, битката со вирусот ја изгубија 689 лица.
Во моментов се активни 2.076 случаи а најголем број се во Скопје – 586. Трициферни бројки на активни случаи има и во Куманово – 201, Тетово – 157, Прилеп -129 и Гостивар – 104.
Хоспитализрани се 347 пациенти.
На инфективната клиника има 78 пациенти од кои 43 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.Во Градската болница „8 Септември“ има 31 пациент а еден е на респиратор. Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Facebook Forum