Линкови за пристапност

Заев: Договорите со Грција и Бугарија да бидат инспирација за регионот


Заев: Договорите со Грција и Бугарија да бидат инспирација за регионот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

„Договорите со Грција и со Бугарија треба да бидат инспирација за регионот и се пример за успехот на дипломатијата“ - Зоран Заев, на конференцијата на „Економист“ во Атина, порача дека на Западен Балкан му треба поголем фокус на мирот и стабилноста кои пак ќе доведат до зајакнување на регионалната соработка што пак ќе го динамизира приближувањето кон Европската Унија. На панелот „Западен Балкан по 2020-тата“ едно од прашањата беше колку би трел тој процес за Северна Македонија која се надева на почеток на преговори кон крајот на годинава за време на германското претседавање со Унијата?

„5, 7, 10 години години, колку ќе траат опреговорите зависи од нас, но и од ЕУ колку е фокусирана на Западен Балкан. Се надевам дека нашите соседи, пред се Бугарија и Грција, но и останатите од регионот Унгарија, Романија, Австрија, Хрвастак, Италија, ќе успеат да го одржат фокусот на останите земји-членки на ЕУ на регионот. Во ЕУ не сакаме само формално да влеземе, туку навистина да станеме дел од Унијата“ рече премиерот Зоран Заев.

Конференцијата, која се одржува во очекување на можниот нов бран на ковид-19, ја реактуелизираше потребата од засилување на регионалната соработка за поефикасно справување со пандемијата. Мутлиетничноста на Западен Балкан, како што велат дел од учесниците, треба да биде плус, а не минус во ситуацијата.

„Водиме мешан живот, многу Албанци живеат во Грција и многи Грци живеат во Албанија. Така е во целиот регион, Северна Македонија се темели на оваа хармонија меѓу Макеонците и Албанците, така е и на Косово, така е и во Србија, така е во регионот“ изјави премиерот на Албанија, Еди Рама.

Првото службено патување по изборот за премиер токму во Атина и средбите со грчкиот државен врв, според Заев, имаат особено значење. Двете земји преку Преспанскиот договор го надминаа спорот за името, но остануваат елементи за имплементација како што е чувствителното прашање за брендирањето на производите и користење на називот на географското потекло.

XS
SM
MD
LG