Линкови за пристапност

„Џо Мелоун“: Отстранувањето на црн актер од рекламата беше грешка


ЊУЈОРК (АП) Британскиот бренд на парфеми !Џо Мелоун“ се извини на црниот актер Џон Бојега познат по „Војна на ѕвездите“ откако го тргна од кинеската верзија на рекламата за колонска вода која тој помогна да биде креирана.

„Џо Мелоун“ од Лондон во соопштение за „Холивуд репортер“ вели дека рекламата наменета за кинеската публика била грешка и дека е отстранета. Преправената реклама го имаше заменето Бојега со кинескиот актер Ли Хаоран.

„Концептот за рекламата беше базиран на личните искуства на Џон и не требаше да биде менуван“ се наведува во соопштението.

„Џо Мелоун“ и неговата компанија – мајка, „Есте Лаудер“, не одговорија на барањата за коментар.

Бојега и неговите претставници исто така не беа достапни за коментар.

Оригиналната реклама во која глуми Бојега беше емитувана минатата година и беше наречена „Лондонски џентлмен“. Во неа актерот кој е роден во Лондон е прикажан како шета низ соседството каде пораснал и како јава на коњ во парк. Во неа се алудира и на неговото потекло од Нигерија во сцена во која е прикажана облека од Западна Африка.

Ова не е прв пат Бојега да биде избришан од реклама наменета за кинескиот пазар. Тој ја имаше главната улога во филмот од 2015-та „Војна на ѕвездите – будење на силата“, но тој и другите актери кои не беа бели беа отстранети или намалени на кинескиот постер за филмот.

Бојега неодамна за „Џи Кју“ изјави зборуваше за расизмот во Холивуд и рече дека црните актери се туркаат на страна во брендот на Дизни „Војна на ѕвездите“.

XS
SM
MD
LG