Линкови за пристапност

Реакции по пукањето врз полицајци во Калифорнија


КОМПТОН, КАЛИФОРНИЈА (АП) Пукањето во двајца заменици на шерифот во Комптон, Калифорнија поттикна потрага по напаѓачот, реакција од претседателот Доналд Трамп и протест.

Кацеларијата на шерифот на Лос Анџелес во саботата објави видео во кое се гледа како вооружен човек пука кон замениците кои се во полициски автомобил.

По ова претседателот Трамп напиша на Твитер „животни по кои мора силно да се удри!“

Полициските службеници се префрлени во болница и врз двајцата се извршени хируршки интервенции. Повредени се 31 годишен маж и 24 годишна жена, двајца дипломирале на Полициската академија пред 14 месеци.

Во нив било пукано додека биле во автомобил паркиран во близина на метро станица.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека во близина се собрале демонстранти кои извикувале „се надевам дека ќе умрете“.

Полицијата го бара напаѓачот, соопшти дека неговиот опис „е многу општ“.

XS
SM
MD
LG