Линкови за пристапност

Трамп и Бајден оддадоа почит на жртвите на терористичките напади од 11-ти септември


Трамп зборуваше за „речиси 3.000 скапоцени и прекрасни души“ кои умреа во нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден им се придружија на Американците во молитвите за оддавање почит на речиси 3.000 луѓе кои беа убиени во терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва.

“Денеска оддаваме почит за нивното жртвување, и длабоко жалиме за речиси 3.000 скапоцени и прекрасни души кои беа одземени од нас на 11-ти септември 2001-ва“, рече Трамп. „До секое семејство од 11-ти септември низ целата држава, првата дама и јас доаѓаме на ова издлабено место, длабоко свесни дека не можеме да ја исполниме празнината во вашето срце или да ја избришеме ужасната тага од овој ден. Ветуваме непоколеблива љубов, поддршка и посветеност на сите Американци“.

Претседателот зборуваше рано во петокот на церемонија за Летот 93 кај Националниот споменик во близина на Шанксвил, Пенсилванија, каде умреа 40 патници. Поранешниот потпретседател Бајден присуствуваше на комеморативната церемонија кај Споменикот и Музеј 9/11 во Њујорк. Бајден треба да оддаде почит нна жртвите во Шанксвил подоцна во денот.

Покрај присуството на настаните, демократскиот кандидат кажа дека ќе им оддаде почит на жртвите со суспендирање на политичките реклами на неговата кампања и други кампањски активности во текот на денот.


„Денеска нема да произведам вести“, рече Бајден. Нема да зборувам ништо друго освен за 9/11. Сето рекламирање го прекинавме. Ова е важен ден и таков ќе го задржиме“.

На меморијалот 9/11 во Њујорк, Бајден виде постара жена во количка, со слика на нејзиниот син кој умрел во нападите на 43 години возраст. Бајден, кој го загуби синот, Боу, од рак на мозокот, ја зеде сликата и рече„никогаш не исчезнува“, зборови што жената ги повтори.

Потпретседателот Мајк Пенс исто така го посети настанот за 11-ти септември во Њујорк, кој има долга традиција на забрана за политичари да зборуваат, иако тие можат да присуствуваат. Бајден присуствуваше како потпретседател во 2010, а исто така и Трамп како кандидат во 2016.

XS
SM
MD
LG