Линкови за пристапност

Венко Филипче за Гласот на Америка – евентуалната одобрена вакцина ќе дојде и преку СЗО и преку ЕУ


Венко Филипче за Гласот на Америка – евентуалната одобрена вакцина ќе дојде и преку СЗО и преку ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Во периодот кој следува треба да се знае вкупниот број на дози на вакцини против Ковид 19 кои би стигнале во Македонија и кои ќе бидат наменети за овдешните граѓани.

Ова го вели во изјава за Гласот на Америка министерот за здравство Венко Филипче. Постојат два механизми преку кои би можела земјава да дојде до нив. Едниот е на ЕУ, а земјите членки, согласно тој договор имале обезбедно близу 400 милиони вакцини за себе, вели министерот.

„Благодарение на Полска, која преку полскиот амбасадор, за што сакам да изразам благодарност, понуди да дел од нивните количини бидат наменети и за нашата земја. Очекуваме во следниот период да знаеме точно и за дозите колку би биле на располагање за нашата земја и за точниот начин на тоа како би стигнале кај нас“ вели министерот за здравство, Венко Филипче.

На располагање на Македонија е и механизмот Ковакс на Светската здравствена организација.

„Кој што механизам се грижи да тогаш кога ќе биде пронајдена вакцината таа биде еднакво дистрибуирана во сите земји кои ќе аплицираат да бидат дел од овој механизам, се додека не се постигне вакцинација на 20% од населението. И вториот механизам е на ЕУ. ЕУ, потпиша билатерален договор со компанијата Астра Зенека. Тоа е т.н Оксфордска вакцина. Астра Зенека е компанијата која е најблиску согласно динамиката на изведување и фазата во која се наоѓа до пронаоѓање на вакцината“ вели Филипче.

Поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревиќ,а сега здравствен експерт за Блискиот исток, вели дека ќе треба уште некое време да се почека додека вакцината стигне до граѓаните.

Ние знаеме дека се појави една руска вакцина, но западот ја гледа скептично. И прашањето е колку таа ќе биде ефикасна и дали ќе име несакани дејства. Но се најавуваат и нови вакцини. Објективно јас не мислам дека ќе стигне за вакцинација пред следната година во летото. Што значи дека најмалку уште година ние би биле во ситуација да немаме вакцина, односно населението да не биде вакцинирано и со самото тоа да биде во состојба од повеќе причини да се активни превентивните мерки“ вели Лазаревиќ.

Во однос на тоа колку вакцини ќе бидат потребни, Лазаревиќ вели дека препораките на СЗО се базираат на тоа колку население е потребно за да се постигне стабилен имунитет.

„Еден дел од највисоко ризичната група ако се осигура со вакцини се претпоставува дека остатокот од населението по автоматизам ќе се....Мислам дека тие препораки и тие бројки се во рамките на некоја нормала“ смета Лазаревиќ.

Министерот Филипче вели дека според последните информации поврзани со Оксфордската вакцина, имало параметри кои биле исполнети и кои укажувале на тоа дека вакцината е добра, а процесот на вакцинација може да биде успешен преку развивање на антитела со истата.

XS
SM
MD
LG