Линкови за пристапност

Продолжуваат протестите во Белорусија - Лукашенко бара помош од Путин


Продолжуваат протестите во Белорусија - Лукашенко бара помош од Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Масовните протести во Белорусија по изборите на 9-ти август, го принудија лидерот Александар Лукашенко да се сврти кон Русија за политички спас. Но, зад одговорот на Кремљ постои геополитичка и внатрешна загриженост.

Масовните протести во Белорусија, кои бараат слободни избори среде закани за задушување од полицијата, инспирираа продемократски активисти низ целиот свет.

Но, и руската влада внимателно следи што се случува од другата страна на нејзината граница.

Слично на долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин доминира на домашната политичка сцена повеќе од две децении.

Рускиот лидер сигнализираше дека Кремљ е подготвен да реагира во интерес на Владата на Лукашенко, и да ја држи државата под руско влијание, ако тоа е потребно.

Зад калкулацијата на Путин, стојат геополитички интереси, но, и загриженост за тоа како белоруското продемократско движење би можело да се отслика дома, велат аналитичарите.

Илјадници во Хабаровск со недели протестираа по апсењето и отстранувањето на популарниот локален гувернер од страна на Кремљ, врз основа на обвинение за убиство од пред повеќе од една деценија.

Демонстрантите се солидаризираат со белоруското опозициско движење. Наводното труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални, пак, уште повеќе го зголеми отпорот кон Путин.

Кремљ ги одби барањата за истрага, велејќи дека заклучоците за труење на Навални се преуранети.

Поддржувачите на Навални, пак, велат дека ненадејната болест на лидерот на опозицијата е најнов знак дека политичкиот систем во Русија е лажиран, како и во соседна Белорусија.

Навални бил активен околу регионалните избори закажани за 9-ти септември, но, опозициските кандидати се загрижени дека ситуацијата во Белорусија би можела фрли сенка на пребројувањето на гласовите.

Тврдењето на Лукашенко дека освоил 80 отсто од гласовите предизвика јавен гнев и продлабочување на политичката криза.

Како што Русите се подготвуваат да излезат на гласање во тешки времиња, јавната доверба во резултатите може да одлучи до кој степен Белорусија ќе биде или нема да биде фактор во иднина.

XS
SM
MD
LG