Линкови за пристапност

Нова Влада – по 8 месеци Зоран Заев се врати во премиерскиот кабинет


Нова Влада – по 8 месеци Зоран Заев се врати во премиерскиот кабинет
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Северна Македонија доби нова Влада – по 8 месеци Зоран Заев се врати во премиерскиот кабинет каде денеска ја презеде функцијата од Оливер Спасовски кој од јануари ја предводеше техничката Влада.

И во министерските ресори во кои има кадровски промени се изврши примопредавање на функциите.

Доцна синоќа, пред полноќ, по дводневна остра дебата, Собранието со 62 гласа „за“ и 51 против, ја изгласа владата. На чинот на положување заклетва, опозицијата ја напушти салата.

По изборот ново-стариот премиер, со уверување до граѓаните дека добиле мала, ефикасна влада подготвена да се посвети на европеизација на државата.

„Прв приоритет ќе биде продолжување на антикризните мерки за уште поголема помош на граѓните и на фирмите. Имаме инситуции кои ќе го држат здравствениот систем исправен пред есенсиот налет на ковид-19. Уште во првите месеци новата влада ќе обезбеди структурни реформи во јавната администрација“ изјави премиерот Зоран Заев.

Oпозицијата не верува во зборовите на новиот премиер – смета дека се ќе остане исто.

„Денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри.Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново“ вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Меѓународната заедница честиташе на изборот на владата. „Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето нова влада. Како пријател и партнер, се радуваме на соработката со Владата што треба да демонстрира континуиран напредок во ЕУ-реформите и одлучна заложба за владеење на правото“ - напиша на твитер американската амбасадорката Брнз. И Европската комисија порача дека со нетрпение очекува да соработува со новата влада на премиерот Заев на реформите потребни за ЕУ интеграција.

XS
SM
MD
LG