Линкови за пристапност

Како изгледа „новото нормално“ во Њујорк?


Како изгледа „новото нормално“ во Њујорк?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Како изгледа „новото нормално“ во Њујорк?

Модните консултации сега се прават преку Интернет, додека дизајнерката Мартина Дитрих им помага на своите клиенти да ја усогласат својата гардероба со пост-карантинот.

„Значи, ни треба нешто од тука до тука, затоа што сите седиме пред лаптоп, компјутер, имаме состаноци за Зум“ вели Мартина Дитрих, модна дизајнерка.

Пандемијата го смени начинот на живот. Исто така и модата се промени. Наместо познатиот канцелариски стил на облекување, сега удобноста е приоритет број еден. Во ерата на состаноците на Зум вниманието се префрла од целосна облека на она што може да се види во малиот прозорец на лаптоп.

„Ова сако можете да го облечете и обратно… Тогаш моделот е со отворен грб, но во овој случај, вие седите пред компјутер… Јас секогаш дизајнирам да можат да се носат на повеќе начини“ вели Дитрих.

Њујорк се обидува да се прилагоди на новата нормала. Последиците од пандемијата се чувствуваат во сите сфери на животот - така што и работи што биле вкоренети во секојдневната рутина мора да се менуваат и прилагодуваат.

„Морам да следам лекции на Интернет сега. Различно е кога сте на час и кога сте дома” вели Елен која е студентка.

„Тука сум 35 години и никогаш не сум видел вакво нешто. Целата моја заштеда ја нема! Немам повеќе заштеда“ вели Ден кој е невработен.

„Животот се промени. Работите што ги правев порано не можам да ги правам веќе. Не можам да одам на местата на кои порано одев. Не можам да комуницирам со семејството. Последиците се огромни“ вели пензионерката Луис.

Метрото е полупразно, бидејќи њујорчаните претпочитаат да шетаат. Луѓето заради релативна безбедност на работа одат со автомобил.

Затворени се многу бизниси - до јануари, над 600.000 работни места може да исчезнат.

Продавниците кои се специјализирани за канцелариска облека, една по една, најавуваат банкрот, меѓу нив и Браќата Брукс, Ен Тејлор, Неиман Маркус, Лофт и Лорд и Тејлор.

Мајкл Потер размислува за нова канцеларија. Неговата компанија наречена Монарх Капитал има канцелариски простор во оваа зграда уште од 2000-тата. Пандемијата го погоди инвестицискиот сектор доста тешко, а бизнисот едноставно не може да продолжи да работи како порано.

„Не ви треба толку персонал за поддршка. Ако работите од дома, многу работи завршувате сами“ вели Мајкл Потер, Монарх Капитал групација.

Многумина се надеваат дека септември ќе донесе некаква нормалност. Властите на Њујорк веќе објавија дека децата можат да се вратат во училиштата, што значи дека некои родители можат да се вратат на работа.

XS
SM
MD
LG