Линкови за пристапност

Бројките на новозаболени трицифрени, надлежните смируваат - ситуацијата е под контрола


Бројките на новозаболени стагнираат за разлика од регионот и Европа каде растат. Притисокот врз здравствениот систем полека се намалува што е клучно за успешна борба со коронавирусот. Надлежните продолжуваат со подготвките во пресрет на очекуваниот есенски бран на вирусот

СКОПЈЕ - И покрај речиси секојдневните трицифрени бројки на новозаболени, надлежните оценуваат дека состојбата со епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија е стабилна и под контрола. Во болниците има се помалку хоспитализирани а трендот на надолна линија на вкупната бројка на заболени продолжува.

„Ситуацијата горе доле е стабилна, но тоа не значи дека преку ноќ не може да се влоши или поправи. Бројките некако растат во околината а кај нас стагнираат или се намалуваат одредени параметери како што се смртните случаи и приеми во болница. Но дневните бројки на новозаболени не ни даваат за право да се опуштиме“, вели епидемилогот Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје - Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче пак смета дека масовното тестирање ги дало резултатите бидејќи сега има јасна слика за состојбата во државата. Притисокот врз здравствениот систем полека се намалува што е клучно за успешна борба со коронавирусот. Филипче потенцира дека високите бројки на новозаболени се должат исклучиво на непочитувањето на превентивните мерки и протоколите.

„И во регионот и во Европа има пораст на бројката на заболени а кај нас сега сликата е различна. Или бранот почна порано или пак широкото тестирање ги даде резултатите. Бројките покажуваат дека паѓаат бројките на процентот на позитивни од тестираните, се намалуваат бројките на хоспитализирани а се зголемуваат капцитетите за тестирање. Во огромен процент точно се знае трансмисијата. Масовно тестирање ни дозволува да имаме широка слика на епидемијата. Менаџментот на пациентите во болниците продолжува. За прв пат има под 50 пациенти во Градската болница, Инфективната клиника е далеку од полна, неколку одделенија во внатрешноста се речиси празни“, изјави Филипче за Гласот на Америка на македонски јазик.

Во последното деноноќие регистриранисе 119 новозаболени, 297 оздравени пациенти и пет жртви. Направени се 2.065 тестирања од кои 5,76 отсто се позитивни.

Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 578 лица .

„ Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови“, соопштија од Министерството за здравство.

Вчера се регистрирани новозаболени во 19 града низ државата а во моментов активни се 2.829 случаи. Најголем број од нив се во Скопје - 884. Трицифрени бројки на заболени има во Куманово - 361, Гостивар - 286,Штип - 228 и Тетово каде има 180 активни случаи.

Хоспитализирани се 323 пациенти.

На Инфективната клиника има 83 пациенти од кои 50 се на кислородна поддршка. Воболницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.Во Градската болница„8 Септември“ има 48 пациенти од кои петмина се на респираторна машина.

Со опаѓањето на температурите наесен се заголемува ризикот од ширење на епидемијата.

„ Луѓето сега повеќе се надвор, на есен повеќе ќе бидат во затворени простории, многумна ќе се вратат на работа и со тоа се зголемува ризикот.И да дојде вакцината нема сите одеднаш да се вакиницраме. Првите вакцини ќе одат кај ризичните групи, тоа се 20 отсто од популацијата, а другите? Пак ќе мора да се почитуваат мерките, но сепак вакви нема да бидат бројките “, смета епидемиологот Стојанов.

Сличен став има и министерот Филипче.

„ Вирусот е тука и треба да се инсистира на почитување на мерките, малку е веројатно дека некој ќе го елиминира. Очигледно е дека само вакцината ќе може да го смени текот на пандемијата на глобално ниво и да ни даде предност во борбата. Превентивните меркиако се почитуваат ќе доведат до намален број на заболени од сезонаски грип бидејќи луѓето ќе носат маски.Сепак очекувам да има зголемување во бројките, “, вели Филипче.

Очекувањата дека наесен коронавирусот повторно ќе се прошири низ населението во државата паралелно со појавата на сезонскиот грип е причина поради која сеуште се води жестока дебата кога да почне образовниот процес и под кои протоколи. Владата попладнево одлучи - наставата почнува на 1 октомври. Она што е јасно е дека само учениците од прво до трето одделение ќе моѓе физички да присуствуваат на наставата под посебни протоколи како најмногу 20 деца во училница, пократки часови и подогла пауза меѓу класовите за да се избегне групирање.

„ СЗО процени дека две години ќе трае ваквата ситуација. Две години ли нема да одат на настава?. Мора да има физичка настава. Некои родители го прифаќаат ризикот некои не, затоа имаат избор. Кој гарантира дека децата на он лајн ќе седат цело време и да учат и дека се 100 отсто заштитени. Некој ризик ќе мора да се прифати ама мора да се почитуваат мерките и протоколите. Доколку бројките рапидно се зголемат, ќе се воведат рестрикции и нема да има настава“, изјави епидемилогот Стојанов.

За Филипче е клучно постепено да се врати наставата за да се намали ризикот.

„ Сакаме наставата да биде со физичко присуство но мора да бидеме крајно внимателни. МОра процесот да го воведува постепено според пропишаните протоколи. Засега одиме со учениците од пониските класови бидејќи апсолутно е мала бројка на децата од прво до трето одделение и училиштата имаат капацитет за спроведување на наставата “, тврди Филипче.

Во пресрет на есента и на евентуалното повторно масовно ширење на коронавирусот меѓу населението, надлежните и здравствените власти почнаа изготвување на план за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници во државата зада се направат мини инфективни одделенија, по примерот на модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје. Исто така се предвидува и формирање на регионални Ковид центри во 16 општини низ државата.

Владата, по препораката на Комисијата за заразни болести ги измени протоколите според кои сега не е потребен втор негативен тест за да се укине изолацијата туку временски период од десет дена за асимптоматичните и дваесет дена за позитивните на коронавирус со симптоми.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска го објави извештајот кој се однесува на периодот од 17 до 23 август каде како заклучок е наведено дека се намалува бројот на новозаболени но и процентот на позитивни од тестираните а Скопје останува градот каде се регистрирани најголениот број од новите случаи.

Во овој период се направени вкупно 11.129 тестирања и се регистрирани 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државаташто е намалување од седум отсто во однос на претходната недела.

„Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 %, што претставува намалување од 0,3% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6% и 7.8%“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупната бројка на новозаболени 119 лица се хоспитализирани а кај 239лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Повеќе од една третина од новозаболените или 307 лица имале контакт со веќе потврден случај.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 281 лице или 33,5%.

Гледано по возрасни групи повторно најзастапена е онаа на лица над 60 години со вкупно 205 позитивни или 24,4 отсто од вкупниот број на новозаболени. Голем број на заболени има во возрасната група од 30 до 39 години - 151 лице или 18 отсто, 40 до 49 години каде има 142 заболени или 16,9 отсто и во групата од 20 до 29 години каде има 140 нови случаи односно 16,7 отсто.

Во периодот од 17 до 23 август, по добиени два последователни негативни тестови како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 513 помалку во однос на претходната недела.

Во овој период битката со вирусот ја загубија 19 пациенти а карактеристично е тоа што сите се на возраст од над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови.

Според место на постојано живеење, од почетокот на епидемијата - 26 февруари, најмногу заболени има во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Штип, Тетово и Скопје. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, Скопје, Гостивар и Куманово се во фаза 4односно широко-распространета трансмисија во заедницата, Тетово, Штип, Берово и Делчево се во фаза 3 или локализирана трансмисија додека останатиот дел од државата е во втора фаза што значи спорадични случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG