Линкови за пристапност

„СпејсЕкс“ лансираше нова група сателити


„СпејсЕкс“ лансираше нова група сателити
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Приватната вселенска компанија „СпејсЕкс“ лансираше уште една група сателити во вселенета од Кејп Канаверал во Флорида - втора Старлинк мисија месецов, и 14 мисија на „СпејсЕкс“ годинава.

Беа вклучени и три сателити за опсервација на Земјата, наречени СкајСатс.

„СпејсЕкс“ соопшти дека Фалкон 9, кој ги носел овие сателити, поставил рекорд како прва ракета да комплетира шест летови.

Од компанијата велат дека мрежата Старлик ќе обезбеди брз интернет до делови во светот кои не се покриени.

Научниците во САД, исто така, изјавија дека анализирале 25-годишна вселенска база на податоци за да погледнат под површината на топењето на ледените гребени на Антарктикот.

Сушил Адусумили студира на Институот по океанографија на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

„Обично, ако сакате да ги видите промените во океанот, тоа го правите со брод. Но, на Антарктикот, бидејќи океаните се под илјадници метри мраз, мора да користите сателетски податоци“ изјави Сушил Адусумили, Универзитет на Калифорнија во Сан Диего.

Преку радари научниците можат да ги проучуваат податоците.

„Се работи за многу мал проток на енергија од сателитот, кој орбитира околу 400 милји над земјата, удира во мразот и се враќа. Ние го мериме времето за кое се пренесува сигналот“ вели Сушил Адусумили, Универзитет на Калифорнија во Сан Диего.

Колку побрзо звукот се враќа во вселената, толку мразот е подебел. НАСА финансираше студија, што го пресметува топењето на ледените покривки од 1994 година, произведувајќи вода која би можела да го наполни Големиот кањон.

Астронаутот Крис Кејсиди направил снимки на ураганот Џеневив од Меѓународната вселенска станица, за кој Националниот центар за урагани предупредил оти би можел да предизвика големи поплави низ јужниот дел на Калифорнија.

И конечно, рускиот космонаут Иван Вагнер успеал да го сними движењето на поларната светлина, велејќи дека видел и пет објекти, кои засега остануваат неидентификувни.

XS
SM
MD
LG