Линкови за пристапност

Нов Зеланд и Јужна Кореја воведуваат построги мерки против Ковид


Во Нов Зеланд од понеделникот е задолжително носењето заштитна маска за сите кои патуваат со јавен транспорт или со авион.

Во исто време дополнителните построги мерки кои беа воведени во Оукленд се продолжени за една недела. Во Оукленд, најголемиот град во земјата, се појавија повеќе нови случаи откако во земјата изминаа повеќе од 100 дена без ширење на вирусот.

Здравствените власти соопштија дека се појавиле 8 нови случаи поврзани со кластерот во Оукленд.

Во Јужна Кореја властите се обидуваат да го спречат ширењето кое е концентрирано во Сеул. Властите наредија носење маски и на отворено и на затворено.

Низ целата земја има и нови рестрикции кои забрануваат посета на верски објекти, ноќни клубови, бифеа и сајбер кафулиња.

Центрите за контрола на болести и на Кореја соопштија дека во понеделникот биле регистрирани 266 нови случаи од кои 202 се во Сеул и околината. Инфекции има и во неколку други големи градови.

Мексико, каде изминатата недела имаше постепено намалување на бројот на случаи, во неделата соопшти дека има 266 починати, најниска бројка во изминативе два месеци.

Во оваа земја има над 60 илјади починати со што е веднаш зад Соединетите Држави и Бразил.

XS
SM
MD
LG