Линкови за пристапност

Џо Бајден ја прифати демократската претседателска номинација


Поранешниот потпретседател вели дека со поразување на Трамп, САД ќе „излезат од сезоната на темница на Америка“

Џо Бајден, по речиси половина век на американската политичка сцена , во четвртокот вечерта ја прифати демократската номинација да се бори за претседателската функција на изборите на 3-ти ноември. На Американците тој им рече дека било време за симнување на републиканскиот претседател Доналд Трамп по еден мандат во Белата куќа.

„Обединети ние можеме, и тоа ќе го сториме, да ја надминеме оваа сезона на темница во Америка“, рече Бајден.

Говорот на Бајден, од центар на одржување настани во неговиот град Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, дојде на четвртиот и последен ден од виртуелната Демократска национална конвенција, збир на снимени и пораки во живо со кои се фали Бајден и се напаѓа претседателствувањето на Трамп.

Трамп и републиканците ќе имаат ваков собир на нивната виртуелна четиридневна конвенција која започнува во понеделник.

XS
SM
MD
LG