Линкови за пристапност

Балканската мигрантска рута повторно е активна


Затишјето поради пандемијата на коронавирусот заврши. Десетици па и стотици мигранти секојдневно илегално влегуваат во Северна Македонија, преку јужната граница со Грција во обид да стигнат до државите од ЕУ.

ГЕВГЕЛИЈА - Помали групи може да се забележат во близина на граничниот премин Богородица, но најчесто се користат дивите патеки на планината Беласица.

Полицијата секојдневно успева да открие и пресече транспорт на мигрантите организиран од криминалните групи. Камиони полни со десетици па и стотина мигранти се движат по патиштата кон северната граница во обид да ги избегнат полициските контроли и пунктови. Криумчарите користат и комбиња во кои превезуваат по триесетина мигранти, наједвајќи се дека неупадливо ќе минат низ градовите и ќе стигнат до липковскиот крај.

Два камиони полни со мигранти беа откриени пред сдамо неколку дена, комбе во кое имаше триесетина мигранти бегајќи од полиција се заби во неколку паркирани возила во центарот на Струмица.

За само еден месец спречени се 3.673 обди за илегални минувања на државната граница од кои 93 отсто се на границата со Грција. Споредено со истиот период минатата година бројот на обидите на мигрантите е зголемен двојно.

„Гледано по недели, кривата на движење почнува да се зголемува од 25 мај 2020 година па наваму, со олабавување на мерките кои се преземаа за спречување на појава на корона вирусот и повлекување на патролите кои ги спроведуваа припадниците на АРМ и намалениот број на странски полициски службеници ангажирани на испомош на јужната граница. Дневниот просек на спречени обиди се движи по околу 85 лица“, соопштија од МВР за Гласот на Америка на македонски јазик.

Полициските статистики покажуваат дека, според земјата на потекло на мигрантите, најмногубројни се од Бангладеш од каде во последните два месеци се откриени 1.003 мигранти, Пакистан - 798 и Авганистан со 549 мигранти.

„Во периодот од 01 до 29 Јули 2020 година, на територијата на Република Северна Македонија откриени се 12 случаи, во обид да бидат прокриумчарени 567 мигранти. Мерки на кривичен прогон се преземени против девет лица, меѓу кои и тројца српски државјани за строени седум кривични дела „криумчарење на мигранти“. Во однос на структурата на мигрантите, најбројни се мигрантите по потекло од Бангладеш-217, Пакистан-189, Авганистан-66, Сирија-28, Иран-12, Сомалија-10 и во помал број од други земји“, информираат од МВР.

Во моментов на јужната граница како поддршка на полицијата распоредени се 110 полициски службеници од Чешка, Австрија, Полска, Унгарија и Словенија.

XS
SM
MD
LG