Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса обвинуваат: Ова е нелегитимна и криминална Влада


Договор кој се темели на лаги и измами, ветувања со кои се измаинуплираа гласачите, криминална коалиција... Ова се првите реакции на опозициските партии од македонскиот и албанскиот политички блок по договорот за коалиција меѓу СДСМ и ДУИ

СКОПЈЕ - Неколку часа откако лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, соопштија дека е постигнат договор за коалицирање а со тоа и мнозинство во Парламентот и составување на Влада со реакција се јавија двете најголеми опозициски партии ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Тие упатија серија жстоки обвинувања кон своите опоненти тврдејќи дека се измамени гласачи со лажни ветувања, дека е ограбена политичката волја на Албанците, дека станува збор за Коалиција чиј приоритет е криминалот и дека идната Влада ќе биде нелегитимна.

„Станува збор за измама и нелегитимна влада. ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ СДСМ излажа бидејќи пред изборите соопшти дека во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ“, стои во писменото соопштение од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Оттаму додаваат дека Владата на СДСМ и ДУИ ќе владее без принципи и дека ќе биде водеа само од тесни деловни, семејни и клански интереси и затоа ќе се соочи со 12 пратеници кои нема да дозволат измама и узурпација на политичката волја.

„Од утре сме на офанзива за, со сите демократски средства да ја вратиме демократијата, да престанеме со манипулацијата со политичката волја и да престанеме со измамата што виси како навика на главата на една земја која се стреми кон Европската унија“, соопштија коалициските партнери.

Кои ќе бидат следните чекори на Алијанса и Алтернатива дополнително ќе се договара.

„Во следните денови ќе имаме координација меѓу двете централни претседателства и по тие координации ќе излеземе со заеднички став за натамошните чекори“ изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците за Гласот на Америка на македонски јазик.

За најголемата опозициска партија од македонскиот политички блок коалиција Заев - Ахмети е продолжување на старите навики на криминал и корупција

„Единствениот и најголем именител на коалицирањето се криминалот и лагата. Ќе потсетиме дека Заев за ДУИ пред изборите рече дека 5 пари не вредат, а ДУИ за СДСМ рече дека се криминалци“, стои во писмената рекација на партијата.

Оттаму велат дека најавата за укинување на Пржинската влада и премиер Албанец е лага бидејќи Заев и Ахмети мораат да се консултираат со опозицијата и меѓународниот фактор како гарант на тој модел пред да превземат било каков чекор.

„Оваа крими коалиција е со времен рок на траење, и за еднократна употреба“, заклучуваат од ВМРО - ДПМНЕ.

Највата за испитување на потеклото на имот сметаат дека е начин за лидерот на СДСМ да со сокрие криминалниот имот на неговото семејство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG