Линкови за пристапност

Владата одлучи – наставата ќе се одвива онлајн


Учениците од прво до трето оделение ќе одат во училиште под посебни протоколи но со сголаснсот од нивните родители. Физичко присуство на настава ќе има и во училиштата со мал број на ученици. Кога ќе почне учебната година не е прецизирано исто како и до кога ќе се одвива онлајн наставата

СКОПЈЕ – Децата од прво до трето одделение ќе одат во училиште додека за сите останати наставата ќе се одвива онлајн преку двонасочна електронска комуникација. Ова е одлуката на Владата која ја донесе на денешната седница по препораките на министерството за здравство и комисијата за заразни болести.

„Одлуката за онлајн настава во учебната година има два исклучоци.Децата од прво до трето одделение физички ќе ја посетуваат наставата доколку има согласност од нивните родители. Во спротивно и тие ќе го следат образовниот процес онлајн. Вториот исклучок е за училиштата и Општините каде има мал број на ученмици. Согласно епидемиолошката состојба и таму наставата ќе се одвива со физичко присуство на учениците но со одобрение од министерството за образование“, соопшти Арбр Адеми, министер за образование.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека исклучеците се темелат врз нивните анализи, односно дека кај децата инциденцата е најниска, но и фактот дека евентуалното ширење на заразата во училиштата е ризик по родителите и семејствата на учениците.

„Нашата анализа покажа дека инцидценцата кај намалите деца е околу 3,4 отсто со лесна форма на болеста или аспимтоматски. Решивме да дозволиме да има избор од родителот. Причина е што во одредени семејства има родители кои се хронично болнии спаѓаат во категоријата на високо ризични. Имаме семејства каде децата се чуваат од баби и дедовци со што тие би се доволе во поголем ризик“, изјави Филипче.


Сепак останува неодговорено кога ќе почне школската година а во опција се повеќе датуми како 15ти септември и 1ви октомври. Филипче и Адеми немаа одговор и до кога би траела онлајн наставата и под кои услови би се заменила со физичко присуство на учениците.

„Профункционира националната платформа каде се снимаат видео лекции и се прикачуваат од наставничкит кадар.Во периодот што следи ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма која треба да се обработи во првото тромесечје или првото полугодие од оваа учебна година“, изјави Адеми.

Дополнително ќе се одлучува и на кој начин родителите ќе се изјаснат за наставата што ќе ја следат нивните деца.

Според протоколите за физичко присуство на наставата кои ги изготви Комисијата за заразни болести во училниците не треба да има повеќе од 20 деца, треба да седат на оддалеченост од 1,5 метри, да носат маски, наставничкиот кадар треба цело време да е присутен во училницата и да не излегува за време на одморите а почетокот наставата на различните одделенија да биде со 10 минутна разлика за да се избегне гужва и групирање на влез и излез од училиштето.

„Наставниот кадар и училиштата се инфромирани за протоколите. Ако протоколите се применуваат ризикот од ширење на заразата е минимален“, изјави Филипче.

Сепак се прави и план за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе бидат таргетирани во зависност дали некаде ќе се промени епидемиолошката состојба.

„Тоа значи, во зависност од новодијагностицирани случаи во некоја населба, град или регион, потоа врз оснива на епидемиолокшата поврзаност на тие случаи, сите што ќе бидат во ризик ќе бидат во план за рестрикции. Тој план ќе важи и за училиштата и за нивно затворање за да се спречи понатамошно ширење на вирусот и да се избегнат рестрикции на ниво на цела држава“, објасни Филипче.

Министерот Арбер Адеми посочи дека за спроведување на планот со протоколите е неопходно да има законски измени каде што ќе се остави можност МОН да ја организира наставата согласно со епидемиолошката состојба.

Со оглад на фактот дека наставата ќе се следи онлајн во процесот ќе се вклучи и Министерството за информатичко општество и администрација каде се работи на една и единствена функционална национална платформа и ќе се обезбедат уреди за следење на онлајн настава за ученици од социјално загрозени семејства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG