Линкови за пристапност

СЗО: Помладата популација го шири коронавирусот


Многу универзитети се враќаат на настава онлајн по само една недела откако студентите се вратиле во кампусите

По само една недела од есенскиот семестар на студентите во кампусот на Универзитетот на Северна Каролина Чапел Хил, како и во училишта насекаде во САД, наставата се преместува онлајн заради големиот број на позитивни тестови за Ковид-19.

Покрај Северна Каролина, универзитетите во Оклахома, Тенеси, Џорџија и Алабама покажале голем број позитивни случаи. Официјални лица за тоа ги обвинуваат забавите на студентите во првата недела по враќањето на училиште.

Во Лос Анџелес, втор по големина училишен дистрикт во САД, денеска започна масовно тестирање и програма за следење на контактите што ќе вклучи 600,000 студенти и нивни семејства плус 75,000 наставници и другите вработени пред евентуално враќање на настава во кампусите.

И Светската здравствена организација денеска кажа дека пандемијата се шири меѓу помладата популација во светот.

На виртуелен прес брифинг д-р Такеши Касаи рече дека „пандемијата се менува“ и дека „луѓе на 20, 30 и 40 години возраст ја шират“, иако многумина од оваа група „имаат слаби или никакви симптоми“ што резултира „во несвесно пренесување“.

XS
SM
MD
LG